На 22.07.2024 во 17.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Велешта, струшко, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 67 годишен жител од с.Велешта и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 61 годишен жител од с.Велешта, со живеалиште во Република Австрија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.