Австрискиот конзервативен лидер и канцелар Карл Нехамер во вторникот го повика претседателот Александар Ван дер Белен да и довери на екстремно десничарската Партија на слободата (ФПО) мандат да формира коалициска влада, откако таа победи на парламентарните избори во неделата.
Ова е прва победа партијата настроена кон Русија, откако е основана во 1950-тите. Нејзиниот прв водач беше нацистички функционер и висок офицер на СС, паравоената организација на Третиот Рајх. Обезбедувајќи околу 29 отсто од гласовите, на ФПО и треба коалициски партнер доколку сака да добие власт и мнозинство во парламентот. Другите партии рекоа дека не се заинтересирани.
„Традицијата на победникот да му се довери одржување на разговор е добра“, рече Нехамер.
На изборите во неделата ОВП се покажа како втора најсилна партија во земјата со околу два и пол процентни поени помалку од ФПО. Кога би направил коалиција со третопласираните социјалдемократи, тие би имале мнозинство од само едно место, што генерално се смета за премало за да биде одржливо.
Ова значи дека поверојатна опција е да се здружи со трета, помала партија како либералниот Неос.