Марк Чавез, еден од двајцата лекари обвинети дека се одговорни за смртта на актерот Метју Пери од предозирање со кетамин минатата година, се изјасни за виновен за незаконско дистрибуирање на лекот.
Чавез денеска пред Окружниот суд на САД во Лос Анџелес се изјасни за виновен, пренесува Ројтерс.
Тој може да се соочи со казна затвор до 10 години на пресудата.