4,2 степени – земјотрес во Романија

Земјотрес со јачина од 4,2 степени е регистриран утринава во 6:19 часот по локално време во романскиот сеизмички регион Вранча, јави агенцијата Агерпрес, повикувајќи се на Националниот институт за геофизика.

Земјотресот се случил на длабочина од 103,8 километри. Најблиски градови до епицентарот се Фоксани (44 км западно), Бузау (58 км северно), Сфанту Георге (69 км источно), Брашов (79 км источно) и Плоешти (91 км североисточно).

Најсилниот земјотрес во Романија во последните месеци се случи во септември во округот Бузау и беше со јачина од 5,2 степени, потсетува Агерпрес.

На почетокот на годината, земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во југозападниот кварт Горџ, потсетува агенцијата.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ