Во Јабланица почна тридневна жалост

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ донесе одлука да прогласи Ден на жалост кој ќе трае од денеска до 8 октомври.

Како што се наведува, одлуката е донесена по повод трагичната смрт на сограѓанин во елементарна непогода што ја зафати општина Јабланица.

Деновите на жалост се одбележуваат со спуштање на знамињата на половина копје на зградите на општината и јавните установи основани од општина Јабланица.

Во деновите на жалост нема да се одржуваат културни, забавни и слични програми на јавни места, додека физичките и правните лица кои вршат угостителска дејност, како и локалните медиуми, своето работење ќе го приспособат на овој период.

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на општина Јабланица“.

За потсетување, телата на 15 лица се пронајдени на подрачјето на Јабланица и Коњиќ, а се уште се трага по меѓу 10 и 15 исчезнати лица. На терен во Јабланица утрово има околу 60 спасувачи од цела БиХ и Хрватска, а се очекува да пристигнат и колеги од Србија и ЕУ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ