Пилот доживеал срцев удар, патник успешно слетал со авионот

Патник успешно слетал мал авион откако пилотот се нашол во ситуација кога му била потребна итна медицинска помош, соопшти американската Федерална управа за авијација (ФАА).

Двомоторниот авион патувал од аеродромот Хендерсон во Лас Вегас, Невада, до регионалниот аеродром Монтереј во Калифорнија, со пилот и уште едно лице, соопшти ФАА, цитирана од CBS NEWS.

Според некои американски изданија, пилотот доживеал срцев удар додека управувал со авионот. Така што другиот патник бил принуден да го преземе и принудно да слета на аеродромот Медоус Филд во Бејкерсфилд, Калифорнија.

Противпожарната служба била известена за вонредното слетување и екипите го следеле слетувањето на авионот и колку ќе биде безбедно.

Авионот на пистата го придружувале возила за итна помош.

ФАА не го објави идентитетот на патникот и пилотот и не објави ажурирање за состојбата на пилотот.

Пилотот бил пренесен во околната болница со возило на брза помош.

ФАА и Националниот одбор за безбедност на транспортот ќе го истражат инцидентот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ