Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ учествуваше денеска на состанокот на шефовите на државите на Процесот Брдо – Бриони, кој се одржува во Тиват, Црна Гора.
Од шефот на кабинетот на претседателот на Хрватска објавија соопштение за темите на кои говорел Милановиќ.
„Во Хрватска огромно мнозинство на граѓани беа против вклучувањето на земјата во војната во Украина. Можете да ми каже дека ја залажувам јавноста, но емпириските анкети и просеците на тие анкети го говорат тоа.
Минатите две години откако хрватскиот Парламент ја одби можноста Хрватска да испрати војска и да суделува во рамките на евроспката мисија за обука на украински војници во Хрватска и надвор од неа. Таа мисија две години е на сила. Дали сте слушнале за нејзе нешто во меѓувреме? Колку украински војници се обучени и колку ние, целосно аматери, целиот запад во односо на Украинците после 2,5 години крвава војна можеме да ги обучуваме Украинците? Нималку. Вовлекување во НАТО после 2,5 години од почетокот на руските напади, затоа што досега НАТО како иснтитуција не беше присутна формално-правно во Украина на било каков начин, и сега некој одлучи тоа да се случи. Јас тоа слободно го кажувам. Но, додека сум јас претседател на Хрватска, јас нема да потпишам. Со тоа мисијата на НАТО за обука – тоа заборавете го, не постои. Логистичка поддршка во Украина е мисија со која НАТО влегува во воен конфликт. Со тоа оние кои сакаат оваа војна да продолжи, да продолжат да ги праќаат своите синови и ќерки во Украина. Оваа војна мора да заврши со дипломатска средства и нема добро да заврши за оние кои го водеа од западната страна. Украина сме сите ние,земјата им е уништена, и ова мора да престане“, рече Милановиќ.