Флорида се подготвува за една од најсилните тропски бури во последните сто години.
Ураганот Милтон се движи кон брегот на САД, а властите ги повикуваат жителите веднаш да се евакуираат.
Милтон повторно се засили до категорија 5 и може да биде најсилната бура што некогаш ја погодила Флорида.
It’s time to shelter-in-place from #Milton. Tropical-storm force winds, flooding rains, and tornadoes are spreading inland across FL. Unless a life-threatening situation arises, stay indoors and follow updates. pic.twitter.com/yplcIhwjIR
— National Weather Service (@NWS) October 9, 2024
Клучни информации:
Помина времето за евакуација. Сега луѓето се повикуваат да се засолнат
Жителите на Флорида се предупредуваат да не ги напуштаат своите домови доколку ситуацијата не стане опасна по живот.
Американската национална метеоролошка служба (NWS) објави дека прозорецот за евакуација е затворен и сега е време луѓето да се засолнат во своите домови. Директорот Кен Греам истакна дека торнадото и обилните дождови веќе пристигнале на Флорида многу пред очекуваното пристигнување на ураганот Милтон.
Во најновото ажурирање, Националниот центар за урагани објави дека ветровите со тропска бура се движат кон бреговите на западниот брег на Флорида, а повеќекратните предупредувања за торнадо се на сила низ полуостровот Флорида.
Овие предупредувања доаѓаат во време на подготовките за удар на ураганот, при што локалните власти ги повикуваат жителите да ги следат упатствата и да останат безбедни додека се приближува бурата.
Објавена нова снимка од центарот на ураганот Милтон
Истражувачите за урагани на NOAA денеска со авион летаа низ самиот центар на ураганот Милтон.
Inside the eye of Hurricane #Milton earlier today on @NOAA WP-3D Orion #NOAA43 “Miss Piggy.” These missions collect data to help improve forecasts and support hurricane research.
Visit @NHC_Atlantic and https://t.co/3phpgKNx0q for the latest forecasts/advisories.
Visit… pic.twitter.com/bgecJN0UDA
— NOAA Aircraft Operations Center (@NOAA_HurrHunter) October 9, 2024
Бајден: Ова е прашање на живот и смрт
Претседателот на САД, Џо Бајден, се обрати денеска до жителите на крајбрежните области на Флорида, каде живеат повеќе милиони луѓе, веднаш да се евакуираат со приближувањето на ураганот Милтон.
-Ако ви е наредено да се евакуирате, треба веднаш да го направите тоа… сега, сега, сега. Веќе требаше да се евакуирате. Ова е прашање на живот и смрт, и не е претерување, истакна Бајден денеска на брифинг за новинарите.