НАТО порача: Не грижете се за Трамп

Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте денеска во Лондон изјави дека не е загрижен поради можноста републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп да победи на претседателските избори.

„Престанете да се грижите за претседателството на Трамп. Знам дека тој целосно разбира и се согласува со мене дека оваа војна во Украина не е само за Украина, туку и за сегашната и идната безбедност на САД“, рече тој.

По средбата со британскиот премиер Кир Стармер, Руте рече дека е „апсолутно убеден“ дека САД ќе останат посветени на безбедноста на европскиот континент.

Во случај на победа на Трамп на претседателските избори на 5 ноември, дел од европските сојузници во НАТО стравуваат дека САД ќе бидат помалку посветени на безбедноста на Европа и ќе престанат да ја поддржуваат Украина воена.

Поранешниот премиер на Холандија, Марк Руте, кој на чело на НАТО дојде на 1 октомври, веднаш ги отфрли стравувањата за можна изборна победа на Трамп и потоа рече: „Не сум загрижен, добро ги познавам и двајцата кандидати и работев со Доналд Трамп четири години“.

На американските избори противкандидат на Трамп е потпретседателката на САД Камала Харис од сега владејачката Демократска партија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ