Од полноќ нови пониски цени на горивата

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензинот БС-95 и на дизелот се намалува за еден денар за литар, додека бензинот БС-98 поевтинува за поливина денар

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, пониски цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензинот БС-95 и на дизелот се намалува за еден денар за литар, додека бензинот БС-98 поевтинува за половина денар.

Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 76 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 78,5 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 71 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар за литар и тоа ќе се продава по 69,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,521 денари за килограм се зголемува цената на мазутот и ќе се продава за 45,258 денари за килограм.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ