Во преполната сала на „Музеј на македонската борба за самостојност“ на 27.12.2024 се одржа промоцијата на книгата „Исламскиот идентитет на Европа“ од авторот академик Ферид Мухиќ, во организација на издавачот БЕЛИГ. Промотори беа проф. д-р Виолета Пирузе и академикот Ферид Мухиќ. Книгата ќе биде достапна во сите поголеми книжарници и веќе предизвикува значителна дебата во јавноста.
Здружението „Белиг“ активно работи на промоција на културолошки и верски вредности преку издавање книги, публикации и производство на видео материјали.
Досега има издадено повеќе од десет познати наслови, меѓу кои се издвојуваат: „Патот за Мека“, „Основи на иманот“, „Подарок за сестрата“, „Еден ден во куќата на Божјиот пратеник“, „Што вели Библијата за Мухамед“, „Прописи за купопродажбата“ и други. Во моментов, посебно внимание привлекува нашиот поткаст „Диван“, каде што се водат инспиративни дебати со истакнати личности од различни области за теми и предизвици од секојдневниот живот. „Целта ни е преку овие активности да поттикнеме размислување и дијалог за значајни прашања,“ истакна, меѓу другото,
м-р Абдурахман Салоски, еден од членовите на „Белиг“.
Промоцијата на книгата „Исламскиот идентитет на Европа“
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by Ultrasoft