“Општина Струга Повик за пријавување на штети од снежни наноси и голомразица на земјоделски насади “

За пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и ранопролетна голомразица која ја зафати општина Струга на 06.04.2025 година.

Општина Струга ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските насади предизвикани од природна непогода од снежни наноси и голомразица који ја зафатија Општина Струга на 06.04.2025 година, да пријават штета на своите насади со барање кое е достапно во просториите на архивата на Општина Струга.

Покрај барањето, секој барател треба да достави:

– Копија од имотен лист,

– Копија од лична карта,

– Трансакциска сметка,

– Доказ за користење на земјиштето за насади (Решение за запишување на земјоделски стопанства издадено од МЗШБ, договор за закуп на земјоделска површина).

Ќе се проценат земјоделските култури кои се постари од три години и кои имаат повеќе од 20 стебла или корени.

Пријавувањето на штетите може да се изврши во период од 18.04.2025 до 03.05.2025 година, секој работен ден од 09:00 до 15:30 часот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ