Грантови за самовработување на млади и ранливи групи од 7.000 до 10.000 евра

Младите до 29 години со добра бизнис идеја, и претприемнички афинитети може да аплицираат за грант до 10, додека пак постарите од 29 годишна возраст лимитот е до седум илјади евра.Власта објави јавен повик за подршка за самовработување и создавање сопствен бизнис, финансии на оперативниот план за 2025 година. Дополнително, за невработените луѓе со интелектуална попреченост се предвидени средства до 250.000 денари над основниот грант, како би имале еднакви услови за сите заинтересирани. Освен самовработувањето на апликантите ќе се создадат и нови работни места, како и рамномерна диструбуција на економските субјекти во сите осум плански региони во државата појаснува директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Бељуљи.Повикот е отворен до 20 ти овој месец за мерките 1.1 и 1.2 кои што се дел од годинешниот развоен план кој што тежи 40 милиони евра и треба да бидат опфатени над 16 000 граѓани преку конкретни активности кон поправеден и поинклузивен пазар на трудот велат од Владата.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ