Со цел да извршам увид во функционирањето на системот за рана детекција на пожари, ја посетив Противпожарната единица во Струга од каде бев пречекан од командирот на ТППЕ Фети Мазари – првата општина во државата која воспостави напреден систем, покривајќи ги и планинските подрачја и самиот град, изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али.
„Станува збор за систем со високоосетливи камери и аларми, кои во реално време детектираат чад и веднаш ја испраќаат локацијата со точни координати до надлежните служби. Ова овозможува исклучително брза реакција и ефикасно справување со пожарите уште во првите минути.
Вредно е да се истакне дека овој систем е добиен преку проект финансиран од Програмата за прекугранична соработка – CBC IPA, што претставува одличен пример за тоа како преку европски фондови може да се зајакне безбедноста и заштитата на животната средина.
Овој модел на заштита веќе дава резултати и е доказ дека технологијата мора да биде во служба на безбедноста.
Како Директор на Центарот за управување со кризи, ќе се залагам вакви системи да бидат поставени на сите критични подрачја низ државата.
Брзината на информацијата значи спасен живот, заштитена шума и безбедна заедница“, вели директорот на ЦУК.



