Трамп до Европа: Прекинете да купувате нафта од Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Европската Унија да престане да купува нафта од Русија поради војната во Украина и му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека мора да постигне мировен договор со Владимир Путин.

Трамп ги опиша постојните европски санкции како недоволни и ги повика сојузниците во НАТО да воведат санкции врз Кина поради нејзината поддршка за Русија. Интересно е што, за разлика од Европа и Зеленски, тој не упати никакви барања до рускиот претседател Владимир Путин. 

Во разговор со новинарите денес, Трамп ги повтори своите барања до Украина и Европа. „Зеленски ќе мора да склучи договор. И Европа мора да престане да купува нафта од Русија“, рече Трамп, нагласувајќи дека украинскиот претседател мора да постигне мировен договор со рускиот претседател Владимир Путин.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ