КАНДИДАТУРИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ СО САМО 2 ПОТПИСА СЕ УСТАВНИ И ЗАКОНСКИ Уставниот суд не поведе постапка против правилникот на ДИК

Од Уставниот суд објаснуваат дека не се прифатени наводите на подносителите кои сметаа дека со донесувањето на правилникот Државната изборна комисија се ставила во улога на законодавец.

Нема никакви правни пречки независните кандидати кои кандидатурите ги поткрепија со најмалку 2 потписа од граѓаните да учествуваат на претстојните локални избори. Уставниот суд денеска не поведе постапка по двете иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на правилникот на ДИК.

Тоа значи дека правилникот што го донесе ДИК според кој може да се поднесат кандидатури за градоначалници и советнички листи со најмалку два потписа е во согласност со Уствот и со Изборниот законик.

Од судот објаснуваат дека не се прифатени наводите на подносителите кои сметаа дека со донесувањето на правилникот Државната изборна комисија се ставила во улога на законодавец.

Подносители на иницијативата до Уставниот суд се Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје застапувано од претседателот Тодор Петров и Стевче Стојанов.

ДИК го донесе правилникот за да ја пополни правната празника откако Уставниот суд го укина членот од Изборниот законик  со кој се утврдуваше праг од 1 отсто за собрани потписи за кандидатура, а Собранието не успеа да донесе нова норма.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ