ВИДЕО: Погодена една од најголемите рафинерии во Русија

Украински извори на социјалните мрежи објавија снимки од пожар во една од најголемите рафинерии во Русија, во Јарослав. Истите извори тврдат дека рафинеријата била погодена во напад со беспилотно летало, а гувернерот тврди дека станува збор за „технички дефект“.

Рафинеријата во Јарослав, позната како „Славнефт-ЈАНОС“, има капацитет за преработка од околу 15 милиони тони нафта годишно. Ова ја прави еден од најголемите рафинериски капацитети во Русија.

Украински извори тврдат дека била погодена единицата ВТ-6, која преработува мазут, со наводен годишен капацитет од над 6,2 милиони тони. 

ОСТАНАТИ ВЕСТИ