Од полноќ се намалуваат цените на горивата

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе се намалат за денар и за денар и половина, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

моторен бензин Еуросупер БС-95 – 74,00 (ден/л)

моторен бензин Еуросупер БС-98 – 76,00 (ден/л)

дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 68,50 (ден/л)

масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,00 (денари/литар)

мазут М-1 НС 36,660 (ден/кг)

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,931 денари/килограм и сега изнесува 36,660 денари/килограм.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ