Риболовното друштво „КАРП ФИШ“ Лабуништа – Црн Дрим ги известува сите љубители на спортскиот риболов дека во деновите 10, 11 и 12 октомври ќе се одржи крапска риболовна дружба. Настанот ќе се реализира на патеката што се простира од првиот влез (Теснец – Балканче) до вториот влез (Садикови ниви).
Поради одржувањето на овој настан, од друштвото апелираат до сите риболовци кои планираат рекреативен риболов да го избегнуваат овој дел од патеката во наведениот период и да се насочат од Теснецот (Балканче) нагоре кон Ливадите, каде риболовот ќе биде дозволен.
Од „КАРП ФИШ“ изразуваат благодарност за разбирањето и соработката на сите членови и љубители на спортскиот риболов и ги повикуваат заинтересираните да присуствуваат и да уживаат во пријателската атмосфера на настанот.