Трамп ѝ се закани на Нигерија: „Ако нападнеме, тоа ќе биде брзо, сурово и слатко“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му наредил на Пентагон да започне со планирање на потенцијална воена акција во Нигерија, потврдувајќи ги неговите претходни тврдења дека нигериската влада не успева да го спречи прогонот на христијаните во западноафриканската земја.
„Доколку нигериската влада продолжи да дозволува убивање на христијани, САД веднаш ќе ја запрат сета помош и поддршка за Нигерија и многу е можно да влеземе во таа сега посрамотена земја, со сета наша моќ, за целосно да ги уништиме исламските терористи кои ги извршуваат овие ужасни злосторства. Со ова му наредувам на нашето Министерство за војна да се подготви за можна акција. Ако нападнеме, тоа ќе биде брзо, сурово и слатко, исто како што терористичките насилници ги напаѓаат нашите сакани христијани“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја сподели објавата на Трамп, и напиша:
„Убивањето невини христијани во Нигерија и насекаде мора веднаш да престане. Министерството за воени прашања се подготвува за акција. Или нигериската влада ќе ги заштити христијаните или ние ќе ги убиеме исламските терористи кои ги извршуваат овие ужасни злосторства“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ