Сабота, 14 ноември 2026 сабота, 14 ноември Струга 17°C Струга 17°C Пријави вест
Струга

Стружанец лажно пријавил дека бил ограбен под закана со оружје

Објавено: · 1 мин читање
Стружанец лажно пријавил дека бил ограбен под закана со оружје

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 32-годишник од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дел „лажно пријавување кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик.

– На 17 август 2026 година во ОВР Струга, тој пријавил кривично дело „грабнување“ кое наводно му било извршено во Струга од повеќе лица и со закана со огнено оружје. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пријавениот лажно го пријавил кривичното дело, по што бил повикан на службен разговор и признал дека лажно пријавил кривично дело, информираат од СВР Охрид.