Директорот на Домот за пензионери поднесе оставка по пожарот во кој загинаа 11 лица

Директорот на Домот за стари лица во Тузла, Мирсад Бакаловиќ, утрово поднесе оставка од таа позиција, потврдија за „Klix.ba“ од установата.
Синоќа голем пожар го зафати Пензионерскиот дом во Тузла, а според последните информации, дури 11 лица загинаа. Исто така, 30 лица се во болница, од кои четворица се во тешка состојба.
Поради доа Бакаловиќ утрово поднел оставка од позицијата.
По големата трагедија, сите надлежни служби се на постојана седница, а во тек е и колегиумот на Градскиот совет на Тузла. По него ќе се одржи колегиумот на градоначалникот на Тузла.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ