Специјално возило кое превезува патници помеѓу терминалите и авионите се урна во платформа на меѓународниот аеродром Вашингтон Далес во Вирџинија, при што 18 лица беа испратени во болница.
Инцидентот се случил околу 16:30 часот по локално време во понеделник, кога возилото се приближило до платформата, местото за качување на патници, објави денес АП.
Повредените немаат повреди опасни по живот.
Аеродромот продолжил да работи нормално.
Ваквите специјални возила можат да превезуваат до 102 патници, се долги околу 16,5 метри и широки 4,9 метри.
Несреќа на аеродромот Вашингтон Далес, 18 лица хоспитализирани
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft