Најмалку едно лице загина во пад на хеликоптер утрово во Италија, во близина на Касалромано, општина во покраината Мантова.
Земјоделец кој се нашол на местото на несреќата, пријавил во полиција. Хеликоптерот паднал сред нива.
Според првите информации, во моментот на местото на несреќата имало густа магла. Досега е потврдено дека 56-годишниот пилот е загинат, а се истражува дали имало уште некој со него во леталото.
Се урна хеликоптер во Италија, загина пилотот
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft