Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, ги предупреди демократите дека моменталната политичка ситуација по победата на сегашниот претседател, Доналд Трамп, наликува на „атмосферата на очај“ од 2004 година.
На состанокот со членовите на Претставничкиот дом, Обама ја спореди ситуацијата по победата на Трамп на претседателските избори во 2024 година со периодот во 2004 година, кога Џон Кери ги загуби претседателските избори, демократите не го контролираа Претставничкиот дом ниту Сенатот, а тогашниот лидер на демократите во Сенатот, Том Дашл, исто така, загуби, пишува „Американ Политико“.
Обама истакна дека дури и тогаш Демократската партија се чинеше дека е „изгубена во политичката пустина“, исто како што многумина се чувствуваа откако Трамп ги освои сите седум клучни држави и ја победи минатогодишната кандидатка на демократите за претседател Камала Харис.
Барак Обама: Актуелната политичка ситуација потсетува на атмосферата на очај во 2004 година
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft