Четири лица загинаа, 17 повредени во руски напади со беспилотни летала врз Харков

Најмалку четири лица се убиени, а најмалку 17 се ранети во напад на руски беспилотни летала врз Харков, објави денес „Киев Индепендент“.
Меѓу повредените има и деца, објави гувернерот на Харковскиот регион, Олех Сињегубов.
Дроновите нападнаа три станбени згради и една инфраструктурна зграда, а за време на нападот избувна и пожар.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ