Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека ќе ја прекине офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите што Москва ги смета за свои, заканувајќи се дека во спротивно неговата војска ќе ги земе со сила.
Острата порака доаѓа во време кога руските сили полека, но сигурно напредуваат низ источна Украина во исцрпувачка битка против украинските сили.
„Доколку украинските сили ги напуштат териториите што ги држат, тогаш ќе ги прекинеме борбените операции. Ако не, тогаш ќе го постигнеме тоа со воени средства“, рече Путин.
Путин потврди дека руската армија ги опколила украинските сили во Покровск и Мирноград во регионот Донецк. Исто така тврдеше дека Москва напредувала во близина на Вовчанск и Сиверск и се приближувала кон важниот логистички центар Гуљајполие.
„Руската офанзива „практично е невозможно да се запре, па затоа малку може да се направи во врска со тоа“, заклучи Путин.
Како одговор на заканите на Путин, од Киев пристигна решителна порака. Андриј Јермак, шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, изјави дека Володимир Зеленски додека е на функцијата нема да потпише никаков документ што вклучува откажување од украинска територија, објави Украинска правда.
„Додека Зеленски е претседател, никој не треба да смета на тоа дека ќе се откажеме од територија. Тој нема да потпише предавање на територија. Уставот го забранува тоа. Никој не може да го стори тоа освен ако не сака да оди против украинскиот устав и украинскиот народ“, нагласи Јермак.
Путин го соопшти клучниот услов за завршување на војната, Зеленски веднаш го одби
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft