Со употреба на физичка сила и алат 52-годишниот дебранец исекол и одзел две метални заштитни еластични огради поставени на „Врмички мост” – се наведува во полицискиот билтен.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.Г.(52) од Дебар поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик. На 14/15.09.2026 со употреба на физичка сила и алат исекол и одзел две метални заштитни еластични огради поставени на „Врмички мост” на регионален пат Дебар-Струга. Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист, а на штета на Јавното претпријатие „Македонија пат”
