Кура’анска вечер на 28 декември во Лабуништа

Со голема радост ја известуваме јавноста дека на 28 декември ќе се одржи Кура’анска вечер во спортската сала во Лабуништа.

Оваа година настанот се организира заеднички со здружението „Младина Нова Горица“, кои со голема желба ја прифатија соработката на овој проект и хумана активност.

Сите собрани средства ќе бидат наменети за доградба на Мехмед Али Пашината Горна џамија во Лабуништа.

Ги повикуваме сите членови и добронамерници да придонесат онолку колку што можат во овој хаирли проект, преку финансиска помош со уплата на нашето конто, со назнака:
„Доброволен прилог за Горна џамија“.

Во Куранот, Аллах вели:
„Аллаховите џамии ги одржуваат оние што веруваат во Аллах и Судниот ден“ (сура Теубе, 18 ајет).

Пратеникот Мухамед, а.с., рекол:
„Кој ќе изгради џамија во името на Аллах, Аллах ќе му изгради куќа во Џеннет“ (Бухари и Муслим).

ОСТАНАТИ ВЕСТИ