Започнува реконструкцијата на азбест-цементната водоводна мрежа на дел од ул. „Маршал Тито“ во Струга

Општина Струга информира дека започнуваат градежните работи за реконструкција и замена на азбест-цементната водоводна мрежа на дел од улица „Маршал Тито“, на раскрсницата со улица „Велко Влаховиќ“ (крак 4).

Од утре, 02.12.2025, ќе се изведуваат активности на следните делници:

  • Од Градскиот пазар кон Гробиштата (крак 4 и крак 8)
  • На дел од ул. „Туристичка“ на потегот кон Полициската станица (крак 9)

Денес во Општина Струга се одржа координативен состанок со претставници на изведувачот „Маркоски К73“, ЈП „Водовод и канализација“ и Сообраќајната полиција Струга, со цел да се обезбеди непречено и безбедно извршување на работите.

Граѓаните се замолуваат за разбирање поради можни повремени ограничувања во сообраќајот за време на изведбата. Работите се очекува да придонесат кон подобра и посигурна водоводна инфраструктура во градот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ