Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја нарече казната од 120 милиони евра што Европската Унија ја изрече на платформата X на Илон Маск „гадна“, изразувајќи сомнежи за оправданоста на таков потег.
„Европа оди во некои лоши насоки“, потенцираше Трамп.
Зборувајќи со новинарите на настан во Белата куќа, Трамп рече дека не го разбира потегот на европските регулатори. „Не гледам како можат да го направат тоа“, рече тој.
Тој додаде дека очекува целосен извештај за казната од ЕУ подоцна во текот на денот, нагласувајќи дека Маск не го контактирал за да побара помош.
И покрај ова, Трамп издаде јасно предупредување: „Европа мора да биде многу внимателна“.
Трамп ја критикуваше ЕУ поради Маск: „Европа оди во лоши насоки“
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft