ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ЛАБУНИШТА Е БЕЗБЕДНА – УКИНАТА ЗАБРАНАТА

ЈКП „Хигиена-Лабуништа“ ги известува жителите и корисниците на селскиот водоводен систем во Лабуништа дека забраната за користење на водата за пиење повеќе не важи.

Претходно, согласно Решение бр. 26/358 од 17.09.2026 година, издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство, беше изречена забрана за користење на водата за пиење поради утврдена неправилност.

По извршените дополнителни испитувања, согласно најновиот извештај од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид, со датум 25.09.2026 година, е утврдено дека водата за пиење одговара на постоечките законски прописи.

Со тоа, водата од селскиот водоводен систем во Лабуништа може да се користи за пиење, а претходната препорака за превривање на водата во времетраење од 30 до 40 минути повеќе не се применува.

Од ЈКП „Хигиена-Лабуништа“ ги известуваат граѓаните дека се исполнети условите за безбедно користење на водата за пиење и им се заблагодаруваат за разбирањето и почитувањето на претходните препораки.

Screenshot

ОСТАНАТИ ВЕСТИ