Австралија: Повеќе од 250 пожари избувнаа во последните 24 часа, 19.000 корисници останаа без електрична енергија

Во австралиската федерална држава Викторија, во последните 24 часа избувнаа повеќе од 250 пожари, од кои 11 се во категоријата големи пожари и сè уште се активни, додека повеќе од 19.000 згради и домаќинства се без електрична енергија, а пожарникарите нагласуваат дека гаснењето на пожарот ќе продолжи во наредните недели.
Пожарот Лонгвуд во централна Викторија моментално е на 142.421 хектари, што е намалување од вчерашните 145.249 хектари.
„Ситуацијата во таа област е сè уште многу динамична“, изјави портпаролката на Националниот центар за контрола, објави „Бризбејн тајмс“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ