Бурата низ Европа сè уште предизвикува откажување на железнички линии и летови во Холандија, прекин на сообраќајот за товарни возила во Франција, како и фериботи во Грција, додека во Велика Британија е на сила жолто предупредување за снег, како и ризик од пороен дожд, силни ветрови и поплави, јавуваат медиумите.
На аеродромот „Шипхол“ во Амстердам денес беа откажани четири дојдовни летови, а четири беа одложени, што е многу подобра ситуација во споредба со стотиците откажани летови дневно, како што беше случајот во претходните денови, објавува „NL Times“.
Железничкиот сообраќај во Холандија е исто така засегнат, со пријавени доцнења на неколку линии, додека услугите меѓу Мастрихт и Лиеж се суспендирани до утре вечер.
Се очекува снег да падне денес во Холандија, првично во северните, централните и источните покраини, пред постепено да се претвори во дожд.
Од вчера, околу 700 возачи на камиони се блокирани на автопатот А36 во североисточна Франција, кон границата со Германија, и на RN57 во департманот Дуб и Жиронд, бидејќи снежните врнежи што го зафатија источниот дел од земјата ја принудија префектурата да го забрани сообраќајот на возила над 3,5 тони до утре, јавува телевизијата BFM.
Синоќа, на автопатот А36 работеа само снегочистачи, а пристигнаа возила на Црвениот крст со залихи од храна за да им помогнат на возачите на камиони преку ноќ.
Снег и силни ветрови во Европа, откажувања во воздушниот, патниот и бродскиот сообраќај
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft