Во судар на два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба во Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 се повредени.
Трагичната несреќа се случила кога еден воз излетал од шините и преминал на соседниот колосек.
Несреќата се случила околу 19:40 часот кога трите последни вагони од возот на компанијата „Iryo“, кој со 317 патници сообраќал на релацијата Малага – Мадрид, излетале од шините на влезните скретници во Адамуз.
Вагоните преминале на соседниот колосек по кој во тој момент во спротивна насока, со околу 200 km/h, поминувал воз на „Renfe“ од Мадрид за Хуелва, што предизвикало и негово излетување од шините.
Најмалку 39 мртви во Шпанија, луѓето сè уште се извлекуваат од возот: „Ова е чудна несреќа“
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft