На популарната социјална мрежа „Reddit“ е објавена нова мапа на Европа со податоци за очекуваниот животен век. Постојат јасни разлики меѓу земјите, но и во рамките на самите региони, што покренува прашања за квалитетот на здравствената заштита, животните навики и социоекономските разлики.
Оваа карта, која стана вирална за кратко време, предизвика лавина од коментари на популарната социјална мрежа „Reddit“. Еден корисник, осврнувајќи се на животните навики на луѓето на Балканот, коментирал: „Бејби-бумерите пушат по две кутии цигари дневно, си готват своја 60% ракија, јадат мистериозно месо секој ден како да се бесмртни“.

Според мапата, Италија е на чело на Европа со 84 години, додека Германија (81) и Австрија (82) се блиску до европскиот просек од 79 години. На југоистокот од континентот, ситуацијата е многу посложена: Грција и Албанија се разликуваат за две години (82 наспроти 80), додека земјите од регионот како Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Македонија бележат просек од 77-78 години. Романија и Бугарија се меѓу земјите со пократок животен век од 76 години, додека Молдавија изненадувачки заостанува со 71 година, дури и пониско од Украина (73).
Некој човек во коментари ги истакнал значајните социоекономски разлики во Франција: „Имаме разлика од повеќе од една деценија во очекуваниот животен век во Франција помеѓу богатите и сиромашните, што оваа мапа всушност не го покажува“.
Очекуваниот животен век не е само прашање на генетика туку комбинација од здравје, исхрана и социоекономски услови. Додека Западна и Централна Европа уживаат во подолг животен век, Балканот сè уште се бори со проблеми на системите и начините на живот што го скратуваат животниот век.