Ерол Зенфелоски е избран за член на Извршниот одбор на Карате Федерација на Македонија на денешното годишно собрание на федерацијата.
Тој беше предложен и едногласно избран, при што истакна дека оваа функција претставува голема чест и одговорност.
„Голема чест и одговорност е што на денешното годишно собрание бев предложен и избран за член на Извршниот одбор. Искрено благодарам за довербата и поддршката“, изјави Зенфелоски.
Посебна благодарност упати до претседателот на федерацијата, Дејан Чолески, за предлогот и поддршката, како и до сите кои веруваат во заедничката визија за развој и унапредување на македонското карате.
Зенфелоски нагласи дека и во иднина ќе работи посветено и одговорно, во интерес на каратистите, клубовите и спортот во целина.
ОСС.

