Четириесет и деветгодишен жител на Охрид со иницијали А.Ј. починал во болницата „Св. Еразмо“ откако претходно се здобил со тешки телесни повреди при пад од покрив.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила додека мажот работел на изградба на куќа на својата парцела, која се наоѓа покрај стариот пат Охрид–Струга. Тој паднал од покривот и бил итно пренесен во болница, каде што им подлегнал на повредите.
Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, а се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил трагичниот настан.
