На 25.07.2026, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор во селото Лабуништа, во атарот на истото село, кај Подгоречкото езеро во близина на македонско-албанската граница, пронајдоа човечки череп и други предмети. Во соработка со други надлежни институции се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
