Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања изјави дека борбата против корупцијата и криминалот мора да биде бескомпромисна и без исклучоци. „Борбата со корупција и криминал не познава граници. Ние како Влада и како Министерство тоа го покажавме на дело. Независно дали некој извршува политичка или […]
На денешната седница на Собранието посветено на пратенички прашања, Претседателот на Владата одговараше на прашање посветено на темата за платите на вработените во правосудството, како дел од реформите во оваа област. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски се осврна на предлозите за измени на законот според кои треба средствата за правосудството да се покачат на 0,8% […]
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24.11.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка […]
Четири лица загинаа во несреќа што се случи утрово околу 6:20 часот во подрачјето на општина Иришка на главниот пат Рума-Ириг, потврди МВР за Танјуг. Како што беше кажано, во сообраќајната несреќа учествувале комбе и работна машина, а причината сè уште не е позната. Точниот број на повредени сè уште не е познат, но три […]
Од Управата за хидрометеоролошки работи за утре најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши. Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат […]
Џудо клубот „Дрим“ од Струга минатиот викенд учествуваше на меѓународниот турнир „БХ Опен“ кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина. Струшките чудисти освоија вкупно пет медали: златен медал за Даријан Ночески, сребрен медал за Енил Ајдиноски и бронзен медал за Давид Спироски, Елеонора Јосифоска и Софија Ноческа. Мила Стојмиловска освои 5то место.
Катастрофалните поплави погодија милиони луѓе во Тајланд, Индонезија и Малезија, а најмалку 33 лица загинаа во масовните поплави во јужен Тајланд, објави денес весникот „Бангкок пост“, повикувајќи се на владата. Повеќе од 2,5 милиони луѓе се загрозени од поплави само во Тајланд, кои следеа по обилните дождови, додава весникот. Според универзитетскиот професор и експерт за […]
Германската покраина Баден-Виртемберг е потресена од невиден семеен злостор. Во Ројтлинген, 63-годишен маж извршил повеќекратни убиства, одземајќи ги животите на четири члена од неговото најблиско семејство пред да си го одземе животот. Полицијата официјално ги потврди деталите од ужасниот чин денеска, напоменувајќи дека дивеењето се случило вчера. Истражителите ги реконструираа движењата на сторителот, кој ги […]
Германија нема да дозволи Русија да победи во украинскиот конфликт на сметка на европската безбедност и вредности, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесува „Гардијан“. Тој нагласи дека Берлин останува цврсто посветен на поддршката на Киев и дека Европа е обединета во одбраната на сопствениот поредок. „Путин мора да разбере дека нема шанси да ја добие […]