Свет

Белата куќа објави црно-бела фотографија од Трамп и Зеленски

Белата куќа објави црно-бела фотографија од Доналд Трамп и Володимир Зеленски, направена попладнево. Објавата беше придружена со цитат од американскиот претседател од состанок на тркалезна маса, во кој тој се осврна на договорот меѓу САД и НАТО што им овозможува на земјите да купуваат американско оружје за да го испратат во Украина. Трамп рече дека […]

Свет

Три жени загинаа во експлозија во фабрика во југозападна Русија

Три жени загинаа во експлозија што се случи во петокот во фабриката „Авангард“ во градот Стерлитамак во Република Башкирија во југозападна Русија, објави денес гувернерот Радиј Хабиров. „За жал, загинаа три лица, сите жени. Меѓу нив беше и млада жена, родена во 2002 година. Две жени оставија зад себе деца. Компанијата ќе ја обезбеди потребната […]

Балкан

Грција донесе закон со кој се дозволува 13-часовен работен ден

Грчките пратеници усвоија закон со кој се воведува можност за 13-часовен работен ден во приватниот сектор, што синдикатите и левицата го осудија како „вистински среден век“. По дводневна дебата, мнозинството пратеници, особено оние од владејачката десница, гласаа за законот, кој го предложи конзервативната влада. Предлог-законот предвидува дека, со дополнителна плата, вработениот може да работи до […]

Балкан

Околу 80 лица повредени откако се превртел автобус во близина

Две лица загинаа, а околу 80 се повредени и се транспортираат во Општата болница во Сремска Митровица откако автобус управуван од компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од компанијата „Хелткер“, се превртел во близина на Сремска Митровица, соопшти Министерството за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи наведува дека автобусот, од засега непознати причини, излетал од […]

Локални Избори 2025

Премиерот Христијан Мицкоски на средба со граѓаните во Лабуништа

Денес, во посета на Лабуништа, беше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски. Настанот претставуваше извонредна можност за граѓаните од Лабуништа и поширокиот регион да се запознаат одблиску со плановите, визијата и политиките кои партијата ги промовира за подобра и посилна иднина на Република Македонија. Господинот Мицкоски се обрати пред присутните, говорејќи за актуелните […]

Свет

Папа Лав XIV: Храната не смее да биде оружје –

Папата Лав XIV на церемонијата по повод Светскиот ден на храната во Рим ја критикуваше употребата на храната како средство за војна и ги повика светските лидери на вистинска политичка решителност за постигнување на целта за нула глад до 2030 година, како што е наведено во Агендата на Обединетите нации. „Актуелните конфликти повторно доведоа до […]

Свет

Две лица убиени во пукотница близу училиште во Чешка, осомничениот

Две лица се убиени, а едно е тешко повредено во пукотница во близина на основно училиште во градот Смржовка во округот Јаблонец во Чешка. Полицијата објави дека се убиени маж и жена, а осомничениот е уапсен и однесен во болница со хеликоптер, објави чешкиот портал „Новинки“. „На самото место е пронајдено оружје. Сите околности на […]

Свет

Во тек телефонски разговор меѓу американскиот и рускиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека во тек е неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. „Во моментов разговарам со претседателот Путин. Разговорот е долг и содржаен, а за деталите ќе информирам по неговото завршување, исто како и претседателот Путин“, објави Трамп на својата платформа Truth Social. Претходно, телевизијата CBS објави, повикувајќи се на извор од Белата […]

Свет

Мерц: ЕУ мора порешително да ја искористи својата моќ, Германија

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес во своето обраќање пред Бундестагот изјави дека Европската Унија мора порешително и поуникатно да ги користи своите капацитети на меѓународната сцена и дека Германија треба да преземе водечка улога во ова. Зборувајќи пред пратениците во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ закажан за 23 октомври во Брисел, Мерц ја […]

Свет

Трамп и Путин најавуваат средба во Будимпешта за завршување на

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин денес соопштија дека следната недела нивните советници ќе се сретнат на високо ниво, а по тоа и двајцата лидери ќе имаат средба во Будимпешта. „Претседателот Путин и јас ќе се сретнеме на договорена локација во Будимпешта за да видиме дали можеме да ја завршиме оваа озлогласена […]