Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден е во нова фаза од третманот за агресивна форма на рак со радиотерапија и хормонска терапија, објави денес неговиот портпарол. „Како дел од неговиот план за третман на рак на простата, претседателот Бајден моментално прима радиотерапија и хормонска терапија“, изјави портпаролот на поранешниот американски претседател, според NBC News. Се очекува […]
Марван Баргути, најпопуларниот палестински лидер и човекот што би можел да ги обедини сите Палестинци, не е меѓу затворениците што Израел има намера да ги ослободи во замена за заложниците. Баргути, 66, е лидер на Фатах, главниот политички ривал на Хамас, и се смета за можен наследник на претседателот Махмуд Абас, кој ја води Палестинската […]
Писмо со предупредување за можен напад овој викенд е откриено во катедралата Нотр Дам во Париз, а по темелна проверка на катедралата, таа е повторно отворена за јавноста, потврдија полициски извори за телевизијата BFM денес. Според полициски извор, во анонимното писмо што црковниот службеник го пронашол во близина на свеќите вчера околу 16:00 часот, се […]
Себастијан Лекорни, кој се врати на својата функција премиер на Франција во петокот откако поднесе оставка од позицијата претходно оваа недела, во изјава за „Трибјун Диманш“ изјави дека „повторно ќе си замине ако условите повторно не бидат исполнети“. „Не можеме да продолжиме како порано. Ни треба послободна влада, вклучително и во односите со политичките партии“, […]
Хеликоптер што летал над популарната плажа Хантингтон во Јужна Калифорнија почнал да се врти без контрола, а потоа изгубил висина и се срушил меѓу палмите на плажата додека шокираните туристи гледале. Снимките кои кружат на интернет, го покажуваат мигот кога леталото почнува неконтролирано да се врти над плажата, а потоа паѓа на место меѓу плами […]
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денес оцени дека, ако поранешниот американски претседател Барак Обама ја доби Нобеловата награда, сегашниот американски претседател Доналд Трамп заслужува две – една за мирот што го носи, а другата за храброст затоа што се спротивставува на силите „кои знаат да зборуваат само со јазикот на војната“. „Барак Обама ја […]
Ви упатувам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на народното востание! На денешниов голем празник, уште еднаш им оддаваме почит на оние кои пред 84 години тргнаа во тежок и храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето на татковината и создавањето македонска држава на рамноправни граѓани. Да потсетам: востаниците со крв ја остварија […]
Илјадници раселени Палестинци почнаа да се враќаат од јужниот дел на Појасот Газа кон север во петокот, откако израелската војска објави дека е дозволено движење по патиштата Ал-Рашид и Салах ал-Дин. И покрај прекинот на огнот, израелските сили нападнаа делови од патот за враќање по улицата Ал-Рашид, предизвикувајќи паника кај цивилите. Израел објави во петокот […]
Поранешниот британски премиер Риши Сунак е вработен во технолошкиот гигант Мајкрософт. Сунак, кој останува член на парламентот, се приклучи на компанијата како платен виш советник со скратено работно време и ќе обезбедува „стратешки перспективи на високо ниво за макроекономските и геополитичките трендови“, како и како тие „се преклопуваат со иновациите, регулативата и дигиталната трансформација“. Тој […]
Израелскиот дневен весник „Џерусалим пост“ денес објави насловна сторија која привлече големо внимание. На неа е прикажана силуета на американскиот претседател Доналд Трамп исполнета со лицата на 48 израелски заложници. Над неа е насловот „Тој ги враќа дома“, а под неа е цитат од поранешната израелска премиерка Голда Меир. „Можеби е прерано да се каже […]