На граничниот премин „Ќафасан“ синоќа е приведен 62-годишен Србин, кој бил баран со Интерпол, Германија. – На 09.07.2024 во 21.45 часот на Граничниот премин Ќафасан, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(62) од Република Србија, затоа што при извршена проверка на службената евиденција било констатирано дека се бара од страна на Интерпол, Германија – се […]
Филипа Сара Попова е добитничка на наградата „Млада Струга“ за нејзината необјавена поетска стихозбирка „Скршен терариум“, објавија од раководството на „Струшките вечери на поезијата“. За наградата одлучуваше комисија во состав: Славе Ѓорѓо Димоски, претседател, и Виолета Танчева-Златева и Андреј Ал-Асади – членови.– Станува збор за извонредно надарена поетеса, полна со луцидни рефлексии и сензации за […]
Од ЦУК денеска побараа воздушна интервенција за гаснење на пожарот, за кој, како што рекоа, постоела опасност да се прошири кон место што е непристапно за гаснење од земја Полицискиот хеликоптер „бел 412“ исфрлил 20 тони вода на пожарот во атарот на селото Делогожди во Општина Струга, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Со […]
Почитувани ве известуваме дека утре 10.07.2024 во периодот од 12:15 до 15:15 часот без напојување со електрична енергија ќе биде дел од индустриската зона на влез во Лабуништа Поради приклучок на новиот 35кв Кабел,Ви благодариме ЕВН МАКЕДОНИЈА
Хеликоптер на МВР го гаси шумскиот пожар кај село Делогожди, Струга. Шумата се запалила од претходно избувнатиот пожар на блиската депонија. На терен се две противпожарни возила, четворица пожарникари и шестмина вработени од ЈП Национални шуми, подружница „Јабланица“ од Струга. Заради опасноста од проширување на пожарот кон место што е непристапно за гаснење на пожарот […]
Нов земјотрес во Македонија со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Македонија, а епицентарот на истиот е во близина на Охрид.Земјотресот е на длабочина од десет километри.
Еден од најпознатите весници во Германија, „Билд“, објави репортажа за македонскиот фудбалер Елиф Елмас. Eлиф Елмас еден дел од својот одмор од клупската сезона во Лајпциг поминува и помагајќи му на својот татко во нивната слаткарница „Мандарина“ во Скопје која работи долг период. – Уживам кога сум во мојата татковина, па и на краток период. Доаѓањето тука […]
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди Македонија, а епицентарот на истиот е во близина на Охрид. Земјотресот е на длабочина од десет километри.
Работник на кран на градилиштето „Челебиќ“ во Чањ загина како последица на невремето што ја зафати Црна Гора. Исто така, едно лице загина од удар на гром во Луштица, известија од ОКЦ на Полициската управа. Големи кранови паднаа во пристаништето Бар, т.н „мостови“. Според првите, неофицијални податоци на порталот „Бар инфо“ , едно лице се […]
Млада мајка во Хрватска е уапсена под сомнение дека го убила своето новороденче. Страшното злосторство ја шокираше Хрватска. Како што неофицијално дознава 24сата.хр, телото го пронашол член на семејството кој за се ја известил полицијата. Во тек е истрага. Како што пишува „Јутарњи лист“, трагедијата се случила во Крапина, каде што телото на бебето во […]