На 22-ри јуни 2024 година, во 08:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга, на место викано „Оровничка плажа“, се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица. – Во незгодата учествувале патничко возило марка „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од страна на 35-годишно лице од Тетово, излетало […]
Повеќе од стотина учесници во Струга ќе го прследат Летниот регионален семинар што го организира Францускиот институт во Скопје. Во хотелот „Дрим“ утре во 18.30 часот учесниците ќе ги поздрави францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. Обучувачите се експерти од Франција и ќе анимираат работилници на актуелни тематики врзани за наставата на и по француски јазик во […]
Три лица се затрупани во одрон на карпи по силно невреме во регионот Грисонс во југоисточна Швајцарија, а една жена е спасена изутрината во близина на селото Лостало северно од езерото Комо, соопшти денеска регионалната полиција. Туристичкото место Цермат на Матерхорн на швајцарските Алпи е отсечено од светот поради опасност од поплави, а властите се […]
Поради големата енергија во атмосферата, токму поради повеќедневниот екстремно топол бран од Африка, локално и на повеќе места процесите ќе бидат во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на крупен град со пречник од 2 cм па дури и покрупен од 2 […]
Собранието на Северна Македонија денеска на 22 јуни во 11 часот ќе ја започне седницата за избор на новата влада, предложена од Христијан Мицкоски, мандатар и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски го поднесе предлогот за состав на владата и програмата на 18 јуни. Собраниската расправа за избор на новата влада треба да заврши до недела на […]
Викендов нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Утре минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник […]
До крајот на денов, како и утре продолжува екстремно топлиот бран од Африка, па така и температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, тие во поголем дел од државава ќе се искачуваат и до околу 35 степени, додека во Скопската котлина, во централните како и во југоисточните предели од државава локално ќе се искачат […]
Речиси целата област на Црна Гора е без струја, соопшти Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС). Како што се наведува во краткото соопштение на Фејсбук страницата на ЦЕДИС, проблемот е „дефект во мрежата на црногорскиот електропреносен систем’. Не се знае кога проблемот би можел да се реши. Во исто време, како што пренесуваат хрватските медиуми, речиси цела […]
Нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ што ќе предизвика времето да биде претежно сончево и натпросечно топло, велат од УХМР. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. Утре ќе дува слаб до […]
Доцна синоќа вработените од ЈП Комунално Струга го украсија новото шеталиште со украсни чадори во боја. Директорот на ЈП Комунално Струга Иќмет Ислами изјави дека идејата на овој проект е со цел граѓаните кој го користат шеталиштето пријатно да се чуствуваат како во естетска смисла така и во заштита од сонце.