Пет лица загинаа, а илјадници се евакуирани во јужна Германија по обилните дождови кои предизвикаа поплави. Во Баварија животот го загубија две лица и еден пожарникар, изјави за Си-ен-ен Јирген Вајс од Здружението на пожарникари на Баварија. Едниот цивил бил однесен од порој додека бил во својот автомобил, додека причината за смртта на другиот се […]
Државјанин на Република Северна Македонија бил приведен по предмет на Окружното обвинителство во Ќустендил поради обид за криумчарење на 21 килограм амфетамин во Бугарија, соопштија од Обвинителството во Софија. Со наредба на обвинител од Окружното обвинителство, 41-годишниот маж е изведен како обвинет за сторено кривично дело. Казната предвидува затвор од 10 до 20 години и […]
Царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција открија дури 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 272 илјади денари кои патникот не ги пријавил при влез во државата. Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има […]
Студентската кампања на ИБУ за поддршка на Палестина ве поканува да ја покажете вашата поддршка за палестинскиот народ оваа среда во 12:00 часот. Кампањата ќе продолжи во четврток со хуманитарен базар, каде целиот приход ќе оди директно за оние на кои им е потребна во Палестина.Ова е одлична можност за студентите да се здружат, да […]
Со отворање на ИПА ВЕЛО ЕКСПО и ИПА ВЕЛО штанд на 07.06.2024 година (петок) во 19.30 часот на градското пристаниште во Охрид, Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), регион Охрид, го започнува годинешниот ИПА ВЕЛО ВИКЕНД „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА ДА ВИДАМ“. Тука, пријавените учесници, ќе можат да си ги подигнат своите ИПА ВЕЛО сетови, а […]
Швајцарската сеизмолошка служба соопшти дека веројатно и граѓаните ширум земјата го почувствувале земјотресот, како и дека според неговата јачина можел да предизвика помали штети во близина на епицентарот Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Швајцарија, информира швајцарската сеизмолошка служба. Земјотресот се случил во 2 часот и 34 минути, а […]
Малопродажните цени на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати […]
Група експерти на Обединетите нации денеска ги повикаа сите земји да ја признаат палестинската држава за да се постигне мир на Блискиот Исток. Повикот доаѓа по една недела во која Шпанија, Ирска и Норвешка официјално ја признаа палестинската држава, што го налути Израел, кој стана се повеќе изолиран на меѓународно ниво поради војната во Газа. […]
Со проект и реализација од страна на Општина Струга, кај резервоарот на вода во село Џепин се поставија фотоволтаични панели. Целта на овој проект е овие панели, произведувајќи електрична енергија, да ги намалат трошоците за електрична енергија која се користи од пумпите за пумпирање на питка вода. Според проектот, фотоволтаичните панели значително ќе ги намалат […]
Најмалку три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на наплатната рампа А12 во Ливорно. Меѓу повредените има и едно дете. Страшната несреќа се случила на наплатната рампа на автопатот А12 во Росињано, во областа Ливорно. Вклучени се најмалку три автомобили Според достапните информации автомобилот со голема брзина удрил […]