Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митревски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварскиденеска беа во работна посета на општина Струга, каде извршија увид во реконструкција на локалниот пат во н.м. Мороишта.Реконструкцијата на овој локален пат е дел од „Проектот за поврзување со локални улици и патишта”, кој се реализира преку Министерството […]
Нашите државјани можат да се пријавуваат електронски на следниот линк или со пополнува на формулар во хартиена форма во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) во земјите каде што живеат. Од 14 февруари тече пријавувањето за гласање за претседателските избори закажани на 24 април годинава на државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа […]
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемува за 2,00 денара и ќе чини 85,50 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат. са/дма/Фото: МИА .
Шеесет и едногодишен маж, македонски државјанин, вчера бил пронајден мртов во мотел во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Телото на мажот, како што соопшти тамошната полиција, било пронајдено вчера попладне во 16:35 часот во мотел на автопатот Урошевац-Приштина. „На 15.02.2024 година, околу 16:35 часот, добивме информација дека на автопатот Урошевац-Приштина, во мотел во […]
Царинската управа ќе наплати 2 милиони денари, пари што што ќе се слеат во Буџетот, откако фирма од Скопје се обидела да избегне плаќање на увозни давачки за 12.536 метри кубни гас аргон со вкупна вредност од 1.555.108 денари. Со пресуда на суд фирмата треба да ја плати вредноста на стоката предмет на царинскиот прекршок, […]
Претседателот на Собранието, Јован Митрески ги распиша двојните избори. Претседателски избори треба да се одржат на 24 април, а на 8 мај се закажани парламентарните избори. – Денеска, во согласност со мојата уставна надлежност и уставно предвидените рокови, ги потпишав решенијата за распишување на изборите за претседател на Република Северна Македонија и за пратеници во Собранието. […]
Претстојното ажурирање ќе го синхронизира заклучувањето на разговорите на мобилните уреди, компјутерите и таблетите поврзани со WhatsApp корисничката сметка. WhatsApp работи на нова функција која на корисниците ќе им даде можност да ги заклучуваат разговорите на поврзаните уреди. Во моментов, ако заклучите разговор на вашиот телефон, тој ќе остане отклучен на вашиот компјутер или таблет. […]
Денеска (14 февруари) околу 12 часот во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на Стража, патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки управувано од 49-годишниот Б.Н. од Охрид удрило во паркирано моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ЈП„Македонија пат“. Во несреќата, возачот починал на самото место, а […]
Холандското органско какао „Cacao powder raw“ и чипсот „ВИПА Грил“ се повлечени како небезбедни, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Какаото не било пуштено во продажба, ниту дистрибуирано до крајните потрошувачи, но во него е утврдена количина на кадмиум над дозволената, додека чипсот бил достапен на пазарот и во него е детектирано присуство на […]
Во две одделени акции албанската полиција уапсила три лица при обид за шверц на дрога и оружје за Северна Македонија. Според полицијата во акцијата „вреќи“ во селото Рајце, кај Прењас, во близина на Струга, уапсен е Е.А.(28) жител на Фуш Круја кој во автомобил „тојота“ превезувал две вреќи со вкупна тежина од 27,3 килограми канабис. […]