13-годишно девојче е тешко повредено откако во него удрило автомобил, по што возачот избегал. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи информира дека настанот се случил улицата „Павле Аврамоски“ во Гостивар, вчера околу 12:30 часот. -Возило удрило во 13-годишна малолетничка од Гостивар, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки […]
Вчера во Струга се одржа состанок меѓу претставници на месните заедници од Лабуништа, Подгорци, Октиси и Боровец и раководниот тим на ЕВН, на кој главна тема беа проблемите со електроснабдувањето што ги засегаат жителите на овие населени места, особено во текот на зимата. Присутните ги изнесоа забелешките за честите исклучувања на струјата и нестабилноста на […]
Епидемијата на сипаници во Јужна Каролина со рекорден број заразени продолжува да се шири, со 89 нови случаи пријавени од минатиот петок, изјави денес портпаролот на здравствениот оддел на таа федерална американска држава, додавајќи дека вкупниот број на заразени случаи се искачил на 789. Тој рече дека најмалку 557 лица во моментов се во карантин […]
Американската компанија „Амазон“ денес објави дека во најновата рунда на намалување на бројот на вработени, ќе отпушти околу 16.000 работници, по октомврискиот бран отпуштања, кога 14.000 луѓе ги загубија своите работни места. Потпретседателката на „Амазон“, Бет Галети, во блог пост изјави дека засегнатите вработени во Соединетите Американски Држави ќе имаат 90 дена да бараат нова […]
Град на врвот на ридот во Сицилија се соочува со сериозна закана од колапс откако силна бура предизвика големо свлечиште, оставајќи ги домовите несигурно над карпа. Градоначалникот на сицилијанскиот град Нишеми предупреди дека „ситуацијата е драматична“. Досега околу 1.500 луѓе се евакуирани од своите домови. Свлечиштето прво покажа знаци на движење во недела, а потоа […]
Шведската влада предложи намалување на минималната возраст за кривична одговорност за најтешките кривични дела на 13 години, со што во иднина тринаесетгодишно лице осудено за убиство би можело да помине една или две години во затвор за малолетници. Владата претстави и неколку построги казни за сторители помлади од 18 години, пишуваат англиските медиуми. Како што […]
Сопствениците на швајцарскиот бар „Ле Констелашн“ во Кранс-Монтана се наоѓаат под судски надзор по пожарот кој избувна на новогодишната ноќ, при што загинаа 40 лица, а повеќе од десетина беа повредени. Жак Морети (49) и неговата сопруга Џесика Морети (40) се обвинети за убиство и повреди од небрежност, како и за предизвикување пожар од небрежност, […]
Русија изврши масовен напад со беспилотни летала врз Украина преку ноќ, при што загинаа најмалку 12 лица низ целата земја. Патнички воз беше погоден во Харковската област, при што загинаа пет лица, додека нови цивилни жртви беа регистрирани во нападите врз Одеса и околината на Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече нападот врз возот […]
Најмалку 83 лица беа евакуирани откако синоќа пожар избувна на покривот на петзвезден хотел во скијачкиот центар Куршевел во францускиот регион Савој, соопштија пожарникарите. Пожарот избувнал во текот на ноќта и се проширил на покривот на хотелот „Гранд Алп“ , а постои ризик пламенот да се прошири и на соседните згради, објави денес ТВ БФМ. Пожарникарите сè уште […]
Авион, кој полетал од Мумбај, се урнал на аеродромот во Барамати при слетување. Во Индија, денеска се урна авион кој летал од Мумбај кон Барамати. Во несреќата загинаа Ајит Павара, заменик-министер на индиската сојузна држава Махараштра, како и уште четири лица. Авионoт, кој полетал од Мумбај, се урнал на аеродромот во Барамати, соопшти Главната управа […]