Свет

Анкета: Развиениот свет стравува од иднината

Нешто помалку од половина од луѓето во светот веруваат дека нивните семејства ќе бидат подобро во иднина, а најголем песимизам изразиле граѓаните од групата водечки економии, покажува истражувањето на „Еделман труст“ (Edelman Trust). Анкетата покажува дека само 40 отсто од испитаниците од 28 земји во светот се согласиле со изјавата „јас и моето семејство ќе […]

Балкан

Бугарските социјалисти добија мандат да формираат влада

Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска и го додели мандатот за формирање влада на Бугарската социјалистичка партија, што е последен обид да се избегнат петтите парламентарни избори во последните две години. Иако изгледите на социјалистите за формирање влада се слаби, лидерот на таа партија, Корнелија Нинова, изјави дека партијата ќе даде се од себе „да […]

Свет

Кремљ негира дека Русија гаѓала станбена зграда во Дњепар

Кремљ денеска негираше дека руските сили погодиле станбена зграда во градот Дњепар, каде, според украинските власти, руска ракета убила најмалку 36 лица. – Руските вооружени сили не бомбардираат станбени згради, ниту цивилна инфраструктура, тие бомбардираат воени цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека „можно е да паднала украинска ракета за противвоздушна одбрана врз […]

Балкан

Фајон: Косово и Србија да се фокусираат на европскиот предлог

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон денеска во Приштина изјави дека Косово и Србија треба да разговараат за предлогот на Европската унија за нормализација на односите. Фајон порача дека не треба да има ескалација на ситуацијата на северот на Косово. – Секогаш сум велела дека Косово треба да се залага за нормализација на […]

Свет

Невреме во Франција остави 75.000 луѓе без струја

Невреме и бури го погодија западниот дел на Франција, а без струја претпладнево останаа 75.000 корисници на компанијата Енедис, која ги снабдува домаќинствата со електрична енергија, соопштија денеска претставници на оваа компанија. Во 20 француски региони на север и запад од земјата и околу Париз е прогласен портокалов метео аларм, што е второ највисоко ниво […]

Свет

Нов Зеланд се соочува со промени предизвикани од затоплувањето на

Водите околу јужните делови на Нов Зеланд се шест степени потопли од вообичаено поради климатските промени, временскиот феномен Ла Ниња и областите со висок воздушен притисок, посочуваат научниците. Океанографот Жоао де Соуза изјави дека температурата на водата моментално е четири степени потопла од просечната и дека таквите температури ќе имаат значителни последици за еко-системот настанат […]

Свет

ФОТО: Прва фотографија од апсењето на шефот на Коза Ностра

Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро кој се смета за шеф на сицилијанската Коза ностра и беше во бегство од 1993 година. Денаро, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо. -Денес 16 јануари, карабинерите го уапсија бегалецот Матео Месина Денаро во санитарен објект во Палермо, […]

Свет

Британската полиција уапси маж кој рани шест лица пред црква

Британската полиција упаси машко лице на 22-годишна возраст, осомничено за обид на убиство на шест лица пред црква во Лондон. Во нападот што се случил вчера пред црквата Свети Алојзие во Еустон тешко е рането седумгодишно девојче, како и уште пет женски лица. Нападот бил извршен од возило во движење, а напаѓачот бил приведен од […]

Свет

Германската министерка за одбрана поднесе оставка

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт денеска поднесе оставка до канцеларот Олаф Шолц, информира таа во соопштение за печат. „Фокусирањето на медиумите на мојата личност веќе неколку месеци не дозволува воспоставување односи и објективни разговори за војниците, Бундесверот и насоката на безбедносната политика во интерес на германските граѓани“, се вели во соопштението на Ламбрехт. Таа […]

Балкан

Српскиот министер за финансии очекува забавување на инфлацијата

Српскиот министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека очекува забавување на инфлацијата, што ќе значи постепено излегување од кризата што Србија не ја предизвика. – Го достигнавме врвот на инфлацијата, забавување на инфлацијата е забележано и во ЕУ, која е наш најголем трговски партнер. Очекувам дека инфлацијата ќе се намали во следните месеци, изјави […]