Беким Сали ќе биде вицепремиер и министер за европски прашања, а Мухамед Хоџа – министер за животна средина и просторно планирање. Премиерот ги одобри предлозите на „Вреди“ и тие се веќе доставени и пристигнати и во Собранието. Нема потврда дали досегашниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе замине за амбасадор во Брисел. Од коалицијата […]
Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат ниту откажан. Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде […]
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,1 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ […]
Општина Струга информира дека започнуваат градежните работи за реконструкција и замена на азбест-цементната водоводна мрежа на дел од улица „Маршал Тито“, на раскрсницата со улица „Велко Влаховиќ“ (крак 4). Од утре, 02.12.2025, ќе се изведуваат активности на следните делници: Денес во Општина Струга се одржа координативен состанок со претставници на изведувачот „Маркоски К73“, ЈП „Водовод […]
Струга ќе биде почиста – во градот пристигнуваат две нови специјализирани возила за собирање отпад, наменети за тесните улици во централното градско подрачје. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1.200.000 денари. Во текот на 2025 година, Центарот за развој на Југозападниот плански регион го спроведува проектот „Јакнење на капацитетите на јавните комунални претпријатија“, финансиран преку Програмата […]
Словенечката полиција пронашла тело на жена во шума во близина на Мајшперк, соопшти Полициската управа во Марибор. Телото е на 31-годишна австриска државјанка која исчезна минатиот викенд. Во последните денови ја барале и во Австрија и во Словенија. Кривични истражители од Полициската управа во Марибор веќе извршиле увид на местото на злосторството, а присутни се […]
Светската здравствена организација објави во пресрет на Светскиот ден на СИДА-та дека во текот на 2024 година, ХИВ инфекција е регистрирана кај 1,3 милиони луѓе, додека 630.000 луѓе починале од причини поврзани со ХИВ. Тие наведуваат дека во 2024 година, 40,8 милиони луѓе ширум светот живееле со ХИВ. СЗО, заедно со партнерите, го одбележува Светскиот ден […]
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес разговараше со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по што најави „важни денови“ за Украина. „Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно ги координираме нашите активности, во активностите на сите партнери, заедничките мерки, заедничките ставови ќе бидат исклучително ефикасни“, напиша Зеленски на Телеграм. Тој […]
Аеродромот во главниот град на Литванија, Вилнус, денес објави дека привремено ги прекинува операциите поради сомнителни балони во неговиот воздушен простор, што е најновото во низата прекини на летовите во балтичката земја. Аеродромот во Вилнус е затворен најмалку десет пати од почетокот на октомври, од истите причини, пренесува Ројтерс. По масовното појавување на метеоролошки балони […]
Папата Лав XIV денес ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките политички и секташки поделби во Либан. Пристигнувајќи од Турција како дел од своето прво патување во странство, Лав XIV донесе порака за мир во Либан, кој се […]