„Б9“: Не можеме да дозволиме Русија да откинува парче по парче од европската безбедност

Самитот на „Букурешткиот формат –Б9“ во Варшава денеска почна со апел за дополнително зајакнување на источното крило на НАТО и за помош на Украина со сè што и е потребно, за Русија да не може да откинува дел по дел од европската безбедност, како што беше до сега.

-Се приближуваме до годишнината од агресијата на Русија и се повеќе сме обединети и обединети. Како источно крило на НАТО, имаме обврска за меѓусебна и колективна одбрана. Ние, САД, се стремиме да испорачаме клучна инфраструктура, се стремиме како колку што можеме да и помогнеме на Украина да се бори за својата слобода. Сакам да му потврдам на светот за неприкосновената обврска од членот 5 од Договорот за НАТО“, рече на отворањето специјалниот гостин на самитот, американскиот претседател Џо Бајден.

И генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенбрег, како втор специјален гостин на претседателите или премиерите на деветте земји од источното крило на НАТО, на почетокот на самитот се заложи Украина да ја добие сета помош и оружје што ќе и овозможи да преживее.

-Не можеме да дозволиме Русија да откинува дел по дел од европската безбедност, мораме да го прекинеме тој круг. Гледаме дека Путин не се стреми кон мир, туку кон натамошна војна. Не знаеме кога ќе заврши војната, но штом завршува, мораме да се погрижиме историјата повторно да не го заврти тоа тркало, рече Столтенберг.

Домаќините на самитот, полскиот претседател Анджеј Дуда и романскиот претседател Клаус Јоханис најавија дека главна цел на денешниот самит е заедно со Бајден да разговараат како источното крило, кое е најизложено на заканите од Русија, уште поконкретно да може да се зајакне.

-Војната не донесе ништо друго освен страдање. Таа, исто така, донесе непроценливи загуби. Лидерите на источното крило имаат обврска да застанат во одбрана на мирот и да и помагаат на Украина се додека ѝ треба. Сакам оваа војна да биде последен таков акт на Русија. НАТО е силен. „Букурештката деветка“ е посилна од кога било, рече романскиот претседател.

Американскиот претседател Бајден посочи дека НАТО е само пообединет и посилен пред годишнината од рускиот напад врз Украина.

-Се сеќавам на последниот разговор со руски пријател. Реков дека се обидувате да спроведете натамошна финсканизирање на НАТО и ќе дочекате НАТОизација на Финска. И тоа се случи, рече Бајден.

Лидерите на Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија по разговорите без присуство на медиуми ќе усвојат заедничка декларација.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ